Двајца фудбалски судии и двајца контролори од ОФС Кочани ќе ја бранат честа на Судискиот актив во пролетниот дел од фудбалската сезона во Прва и Втора фудбалска лига.
На семинарот што оваа седмица го организираше Судиската Комисија при ФФМ во Кичево, а на кој се полагаа тестови и физичка подготвеност, Судискиот актив на ОФС Кочани учествуваше со по двајца кандидати на судиската листа и двајца на листата на контролори.
Сашко Ангелов и Бранко Манојловски ги положија тестовите и ќе ги контролира судиите, додека Петар Михаилов и Снежана Илиевска положувајќи ги и тестовите и физичките норми се најдоа на единствената листа на судии за Прва и Втора лига кои ќе ја делат правдата во пролетниот дел од првенството.
Преостанатите двајца судии од ОФС Кочани Спире Арсов и Богданчо Георгиев од оправдани причини го откажаа учеството на семинарот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ