ПО ЕДЕН ЗЛАТЕН И БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА ТУРНИРОТ „ШКУПИ ОПЕН 2024“

ноември 16, 2024
1 min read

Во организација на БК „Шкупи“ од Скопје, денес во спортската сала „Зеф Љуш Марко“ во Скопје се одржа Меѓународен турнир во борење  слободен стил  У-15 „Шкупи Опен 2024“.

На турнирот учествуваа  повеќе од 200 борачи од 10 држави:  САД, Словачка, Франција, Турција, Австрија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово и домаќинот Република Македонија.

 

 

БК „Спартак“ учествуваше со четири борачи кои на крајот освоија еден златен и еден бронзен медал.

Даријан Павлев во категоријата до 70 килограми го освои златниот медал, а Павел Темелков во категоријата до 80 килограми стигна до бронзениот медал.

 

 

Останатите двајца борачи на „Спартак“ Мартин Цветков и Едис Билалов останаа без пласман.

Тренер на експедицијата борачи од Кочани беше Кирчо Дамјанов а правдата на душекот ја делеа и кочанските судии Игор Христов и Гоце Ангелов.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ