ДВЕ УСПЕШНИ ИСКАЧУВАЊА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА КПС „МОСКИТО“ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ

Во Спорт
февруари 21, 2024
0 минути

Во саботата и неделата членови од КПС „Москито“ од Кочани учествуваа во две планинарски акции.

Во саботата како дел од експедицијата организирана од ПСК „Стратус“, еден член на КПС „Москито“ заедно со уште двајца членови од ПСК „Осоговски орел“ го искачија највисокиот врв во Македонија „Кораб“ и тоа од Албанска страна.

Ден подоцна, во неделата, четири члена од КПС „Москито“ заедно со планинари од неколку планинарски клубови од Македонија и Србија  по многу лоши услови се искачија на „Царев Врв“ од Паланечка страна.

Како што дознаваме во годината која што започна ПСК „Москито“ планира повеќе вакви и слични акции.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ