Чекорот што го направија советниците од Советот на Општина Кочани со донесувањето на одлука да на Градската депонија во Кочани освен отпад од општината да нема право да се носи отпад и од другите општини го продолжија и советниците од советот на општина Македонска Каменица.
Имено, тие на 46-тата седница на Советот на Општина Македонска Каменица одржана на 3. декември под број 6 од Дневниот ред имаа Предлог-одлука „За забрана за депонирање на комунален отпад на депонијата во Македонска Каменица од соседните општини Виница, Кочани, делчево, Пехчево, Берово, Зрновци и Чешиново-Облешево“.
Предлогот беше едногласно усвоен, за истиот со ЗА гласаа 11-те советници.
Со оваа одлука уште една општина покажа дека народот е посилен од сите и дека приоритет им е здравјето на нив и на најблиските отколку на политиката што некои ја промовираат.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ