На 25.04.2022 во 03.00 часот во Полициската станица Кочани, С.С.(35) и З.Н.(39), двајцата од Кочани, пријавиле дека околу 01.30 часот на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, по претходна вербална расправија, Б.С.(35) од Кочани им се заканил со огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ИЗВОР. Дневни билтени од МВР