ПОБЕДА И ПОРАЗ ЗА ДАРИЈАН ПАВЛЕВ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО У-17 КАДЕТИ

Во Спорт
јуни 13, 2025
1 минути

Победа и пораз за членот на БК „Спартак“ – Кочани Даријан Павлев на Европското првенство У-17 кадети кое се одржува во Скопје (Република Македонија).

Тој денес настапи во категоријата до 65 килограми и стартуваше со победа. Во првото коло Павлев го совлада претставникот на Швајцарија Матеус Сарасин со 6:5 за да во второто коло се сретне со искусниот претставник на Ерменија Давид Давтијан и натпреварот го загуби со 0:10.

Од сите Македонски борачи кои денес излегоа на душекот Даријан Павлев на крајот од денешниот ден е борачот кој ја извојува единствената победа за Репрезенѕацијата на  Македонија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ