Поради откажувањето на „Баскет Кам“ од настапите во Трета Кошаркарска Лига и поради новиот распоред , утре (Сабота) во Кочани во Спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ кочанчани ќе им се претстават на своите навивачи. Досега „Баскет Дино“ беше слободен па така утре ќе го игра првиот натпревар во оваа сезона, натпреварот е од „Б“ групата а противник ќе им биде екипата ма „Вардар“.
Се работи на две млади екипи кои со исти желби влегуваат во ова првенство а тоа е пласман на првите две места на табелата.
На кошаркарите на „Баскет Дино“ и те како им е потребна поддршка од навивачите па очекуваат добра посетеност и заеднички до освојувањето на првите бодови за кочанскиот третолигаш.
Натпреварот започнува во 16:00 часот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ