Во Недела, 02 Август на големиот Македонски празник „Илинден“ со почеток во 18:00 часот во рамките на 54-тото издание на Илинденските Спортски Игри „Чешново 2026“ на програмата е големото финале
Во борбата за драгоцениот пехар и за наградниот фонд кој досега е најголем ќе се одигра финалниот натпревар Соколарци Чешиново.
Во Средата во првото полуфинале екипата на Соколарци го совлада Чифлик со 5:1, додека вечерва натпреварот Чешиново-Облешево во регуларниот дел заврши 4:4 а екипата на Чешиново по подобро изведување пенали победи со 4:2 и закажа финале.
Да потсетиме само дека годинешниот победник ќе добие чек во вредност од 200:000 денари, а поразената екипа 100.000 денари.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
