„ОСОГОВО“ ПОБЕДАТА ЈА ОБЕЗБЕДИ ВО ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ

Во Спорт
август 30, 2025
1 минути

Во торото коло од годинешното првенство во Втората Фудбалска Лига играчите на „Осогово“ ја остварија првата победа.

Пред почетокот на натпреварот играчите и гледачите со едноминутно молчење оддадоа почит на некогашната фудбалска легенда на „Осогово“ Иван Хаџиев – Ванчи кој минатата седмица го напушти овој свет.

Што се однесува до самиот натпревар  самиот натпревар беше онаков каков што го и најавивме, иако кочанчани важеа за големи фаворити сепак до бодовите тешко дојдоа, поточно со двата погодока во второто полувреме ги прокнижија трите бода.

Гледачите кои прописно ја исполнија западната трибина во првиот дел и речиси да не видоа ништо од убавините на фудбалот. Нивните миленици не направија речиси ниту една посериозна шанса за погодок. напаѓаа јалово, со уфрлени топки од длабочина што гостинската одбрана навреме реагираше и без голови се замина на одмор.

Во вториот дел друга песна, домаќините поагресивно атакуваа кон голот на гостите, создадоа неколку шанси за погодок но топката во некои моменти како да не беше „расположена“ да заврши во мрежата на денес мошне сигурниот Христијан Сркески.

Се играше 50’ кога во гостинскиот шеснаесетник дојде до контакт на еден домашен и еден противнички играч а главниот судија без размислување покажа на белата точка. По водството „жетварите“ имаа уште 5-6 големи шанси да го зголемат водството но тоа им успеа дури во 79’ кога Паунов биеше во небранетиот дел од мрежата и кога сите очекуваа топката да заврши во мрежата на неа натрча Никола Стоиловски и со глава го потврди погодокот.

Се на се натпревар во кој домаќините го покажаа своето вистинско лице во вториот дел и бодовите заслужено останаа во Кочани.

Резултати од 02 коло:

Осогово – Преспа  2:0

Тетекс – Детонит Плачковица  3:2

Слога – Големо Коњари  5:1

Беласица – Скопје  (се игра во Понеделник)

Шкендија (А) – Охрид  2:1

Победа – Каменица Саса  2:2

Кожуф – Новаци  2:0

Вае=рдар (Н) – Брегалница  0:2

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ