ПОЧНАА ЛИ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА МИНИ ХИДРОЦЕНТРАЛАТА?

мај 14, 2023
1 min read

Загрижени граѓани инаку љубители на природата само што ни испратија неколку фотографии на кои јасно се гледа како некој ги уништува природните убавини на Кочани. Како што пишуваат и минатиот викенд тие шетале на овој потег но ништо вакво или слично не забележале, па нивната констатација е дека сето ова е направено во текот на оваа седмица.

Симптоматично е што уништувањето на природата е на потегот кај „Мала река“, односно во околината каде беше предвидено изградба на мини хидроцентрала.

И додека некои уште бистрат политика низ општината, други на тивок и мирен начин си продолжуваат да ја уништуваат природата, зошто? Одговорот треба да го дадат надлежните служби.

Во сето ова, малку е и чудно што никој не реагирал досега а очигледно е дека се работело со механизација повеќе денови.

Како ќе реагираат на ова еколошките друштва останува да видиме во наредните денови.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ