ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ЖАРДИНЈЕРИ, НО МИСЛИ ЛИ НЕКОЈ НА УЧЕНИЦИТЕ

декември 23, 2021
0 минути

Се вршат подготовки за поставување на жардинјерите на улицата „Тодосија Паунов“ од кружниот тек кај „Жито Ориз“ па се до кружниот тек кај „Лук Оил“.

И добро е што ќе се продолжи со поставувањето на жардинјери на улицата која веќе на еден дел ги има бидејќи така ќе добие на целина, но дали некој размислува каде ќе поминуваат учениците ако се знае дека токму на тој потег каде треба да се поставуваат жардинјерите е и ОУ „Малина Попиванова“.

Со моменталниот план едноставно дечињата немаат пешачки премин доколку сакаат да поминат од едната лента на другата.

Подобро е сега надлежните да го согледаат проблемот за да потоа не си направат самите проблеми па изграденото да го срушат и да постават пешачки премин.

Убаво е што некој мислел дека улицата со жардинјерите ќе изгледа поубаво, но уште поубаво би било кога некој би размислил да се направи и премин за учениците за да можат безбедно да ја поминуваат оваа сообраќајница.

С. Ивановски