Денеска во просториите на Геотермалниот систем „Геотерма“ во с. Долни Подлог, беше остварена работна средба со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и претставникот на Делегацијата на Европската Унија во Република С. Македонија, г-дин Давиде Биксио, програмски офицер за проекти од областа на инфраструктурата посветени на климатските промени, животната средина и природните ресурси.
Најпрвин беше презентиран процесот на искористувањето на геотермалната вода од геотермалниот систем, а посебен дел од состанокот беше посветен на можностите за искористување на геотермалниот потенцијал за производство на електрична енергија. Од страна на стручните служби на КЈП „Водовод“ – Кочани беше презентирана студијата изработена од Чешката фирма „Карбон редукс“ во соработка со експерти од Академијата на науките од Република Украина.
На работниот состанок беше искажана заинтересираноста за понатамошна соработка, а се направија и почетни контакти за реализација на проекти од областа на искористување на потенцијалот на геотермалните ресурси со кои располага Општина Кочани.
Општина Кочани