Изминатите два дена салата во „Мултикултурниот Центар“ во Кочани беше центарот на песната, детските насмевки и радости. Дечињата од големите групи од сите клонови на ДГ „Павлина Велјанова“ ја одржаа својата завршна приредба со едно „Чао градинке“.
Й рекоа „чао“ на градинката во која беа изминатите години а од есента ќе седнат во училишните клупи.
Пред присутните во салата свое обраќање имаше Јованка Ефтимова – директор на ДГ „Павлина Велјанова“ која упати благодарност до родителите за соработката, до дечињата за однесувањето за време на нивниот престој, но и до сите вработени.
А таму на сцената дечињата пееја, се смееја, играа и се радуваа со што на свој начин се заблагодарија на сите оние кои за нив се грижеа во годините поминати во градинката но и за сето она што ги очекува во училишните клупи.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ