ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ДО ОЈО КОЧАНИ ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО „КРАЖБА“

февруари 15, 2023
1 минути

Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство Кочани против правно лице од Пробиштип и одговорните лица Ј.Д.(40) и Р.Д.(43), двајцата од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 став 7 во врска со став 3 и 4 од Кривичниот законик. Пријавените, како вработени во правниот субјект, на 01.10.2022 на место викано „Бабини градини“ во Шумско – стопанска единица „Злетовска река – Пониква“, при акциска контрола од страна на полициски службеници, во содејство со Државен инспекторат за шумарство и ловство, биле затекнати како вршат сеча на огревно дрво без да поседуваат соодветна документација издадена од надлежен орган.

Дневни билтени на МВР