ГОСПОДА СОВЕТНИЦИ, ВРЕМЕ Е ВИЕ ДА ИМ ПОМОГНЕТЕ НА ОНИЕ КОИ ВЕ ГЛАСААТ

февруари 15, 2022
0 минути

Откако ги добивме денешните фотографии кои како што ни пишуваат се направени утринава кај подземните контејнери до паркингот кај „Кулата“, секој текст и секоја критика за луѓето без осет за соживот се залудни.

По кој знае кој пат треба да пишуваме дека штом ние немаме совест и се занимаваме секојдневно со вакви глупи потези направени од луѓе кои не сакаат ниту чист град, ниту чиста животна средина мора некој друг да преземе мерки.

Еве јавно ги повикуваме советниците кои земаат паушал од наши собрани даноци и кои користат и ред други бенефиции да соберат сила, да ги тргнат на страна партиските определби и да изнајдат начин како да почне да се поставуваат камери кои би го контролирале целиот град, впрочем како што е секаде во светот.

Убедени сме дека доколку изнајдат и сила и желба и донесат таква одлука благодарение на нив ваквите слики ќе станат минато.

Лично се надеваме дека разумот и кај нив ќе биде поголем отколку политиката што ја застапуваат.

Ајде советници, охрабрете се и донесете одлука за доброто на сите нас.

С. Ивановски