ПОЛИЦИЈАТА СО ЦВЕЌЕ ИМ ГО ЧЕСТИТАШЕ ДЕНЕШНИОТ ПРАЗНИК НА УЧЕСНИЧКИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ

март 8, 2022
0 минути

Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани, во соработка со Полициска станица – Кочани, спроведоа акција  „Цвеќе за учесничките во сообраќајот“.

Претставници од ОСБСП – Кочани како и дел од вработените во Полициска станица – Кочани заедно со ученици волонтери со подарувањето на цвеќе на учеснички во сообраќајот од понежниот пол им го честитаа Меѓународниот ден на жената – 8.ми Март при тоа посакувајќи им безбедно учество во сообраќајот.

Акцијата беше организирана на улицата „Тодосија Паунов“ (кај автобуската станица) и пред „Шопинг центарот“.

С. Ивановски