Полицијата го обезбедува теренот и го насочува сообраќајот на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани откако натоварен камион со задните тркала пропадна во неа.
Како што сме информирани камионот слегувал кон градот и по се изгледа од преголемата тежина решетката попуштила и е направена штета.
На самото место се излезени екипи кои го испитуваат овој инцидент.
С. Ивановски