На 08.08.2023 во 15.55 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода К.Ѓ.(35) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 15.00 часот во фирмата, каде што е одговорно лице, агресивно се однесувал и попречувал трудов инспектор при извршување службени задачи.
Според пријавеното, откако инспекторот констатирал прекршок во фирмата, К.Ѓ. почнал агресивно да се однесува кон него и го избркал од просториите на фирмата.
По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Соопштение од СВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ