ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ СЕ ЗДОБИЛ ВОЗАЧ НА МОТОЦИКЛ

април 8, 2023
1 минути

На 08.04.2023 во 00.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шевролет“со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(31) од с.Горни Подлог, кочанско и мотоцикл „априлија“ со кочански регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Јавната здравствена установа Кочани.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кочани.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВЕ