На 18.06.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Ф.Р.(40) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека околу 21:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал при што употребил тврд предмет. Според пријавеното, подолг период била психички и физички малтретирана од сопругот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.\
Соопштение од СВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
