ПОРТАЛОТ „КОМАРЕЦ“ ЈА ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА СО НАСЕЛЕНИЕТО ВО ОПШТИНА КОЧАНИ

декември 24, 2025
0 минути

Сакаме да ги известиме сите жители на Кочани и околината дека по 20 годишна соработка не застануваме тука, туку и во следниот период ќе продолжиме да соработуваме со жителите од „градот на оризот“.

Сите неправилности и сето она што ги засега жителите на Општина Кочани ќе можат доколку се во можност сето тоа да го нотираат, фотографираат и со текст ни го достават за да истото го објавиме.

Од лажни профили нема ништо да објавувавме а анонимноста им ја гарантираме на нашите соработници, населението.

Во текот на вчерашниот ден објавивме писмо од наши сограѓани кои биле засегнати со некои одлуки од минатиот Совет и од претходниот градоначалник а се однесувале на семејствата во Старата касарна.

Текстот го коментираа секој од свој агол. Некои одеа до таму што мене како уредник на порталот ме спомнуваа дека со таквите статии сме правеле раздор меѓу населението и дека целта ни била да собереме што повеќе лајкови не баре од бројот на лајкови се финансираме.

Сите оние кои со години користат се во општината за сметка на останатото население секогаш ќе најдат начин да коментираат, да се закануваат, да навредуваат, најпрвин им сметаа објавите од медиумите за предизвиканиот голем пожар од палење на кабли, им сметаа објавите за крадење бакарен кабел од трафостаница, им сметаа објавите со узурпацијата на тротоарите во пазарен ден, им сметаа објавите за управување нерегистрирани возила и возачи без положен испит, едноставно се им смета од кое тие остваруваат профит а на државата ништо не плаќаат за сметка на другите кои се лојални на државните закони. , Е токму тие го прават раздорот.

Ако тие објави сериозно некој ги сфатеше, дека истите се со добра намера, немаше да ни се случуваат големите пожари а и трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Затоа почитувани наши читатели, наши сограѓани, продолжуваме уште пожестоко се со цел Кочани да успееме до некаде да го направиме пријатно место за живеење.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ