Локацијата СРЦ “Пониква” е во надлежност на Општина Пробиштип. Истата нема преземено никакви активности за комунално оддржување и чистење на наведената локација до сега. На барање на Општина Кочани со минимален финансиски надомест со оваа обврска е задолжен КЈП “Водовод” кој еднаш седмично врши редовно чистење и санирање на отпадот кој е депониран таму. За своите активности на оваа локација КЈП “Водовод” навремено ја известува јавноста на своите профили на социјалните медиуми како и на својата веб страна.
Освен ова, ја користиме оваа прилика да ја известиме јавноста дека најголем дел од отпадот кој се депонира на оваа локација потекнува од угостителските објекти лоцирани СРЦ “Пониква” и истите немаат склучено договори за комунални услуги со КЈП “Водовод” и не плаќаат никаков надомест за услугата за чистење и депонирање на отпадот.
Исто така, дополнителен проблем претставува неодговорноста на угостителските објекти како и несовесни граѓани кои неправилно го депонираат отпадот до контејнерите со што се отежнува неговото одлагање. А некои угостителски објекти отпадот го одлагаат пред самата градска депонија со што создаваат дополнителна дива депонија десно на патот пред влезот на градската депонија, за која КЈП “Водовод” ангажира дополнителни ресурси за нејзино навремено санирање.
КЈП “Водовод” упатува апел до сите граѓани како и до стопанските субјекти за правилно и одговорно однесување и одлагање на отпадот.
КЈП „Водовод“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ