Деветметарски свет крст е поставен во околината на параклисот „Св. Димитриј“ во населбата Трајаново Трло во Кочани во чест на годишнината од поставувањето на камен – темелникот за изградба на црковниот храм во кочанската населба.
Изработката и поставувањето на светиот крст е донација од членови на Доброволноото – противпижарно друштво – Кочани и истиот во следниот период ќе биде осветлен и осветен.
„Денеска навршува годишнина од поставувањето на камен-темелникот за изградба на параклисот посветен на „Св. Димитриј“. За една година со Божија помош, со благослов на Брегалничката Епархија со донации од граѓани и компании успеавме да го подигнеме храмот, да го изѕидаме, поставиме кровна конструкција и да го уредиме. Деновиве поставен е и деветметарски свет крст, единствен во кочанската општина како донација од членови на ДПД – Кочани. На 8 ноември кога се чествува празникот на светиот Димитриј како и минатата година планирано е одбележувањето на празникот“, истакна Роберт Стојанов, член на Црковниот одбор на параклисот „Св.Димитриј“ во Трајаново Трло.
Од Црковниот одбор информираа дека сите заинтересирани граѓани и стопанственици може да донираат финансиски средства и градежни материјали за довршување на изградбата на параклисот или да се вклучат како работна сила во изградбата.
Донациите може да ги уплатат на денарската сметка 210201622857094 на Тутунска Банка со назнака „За донација за параклис“ или за донации од странство на девизна сметка:
IBAN: MK07210501622857094
SWIFT: TUTNMK22
Од Црковниот одбор ги поканија верниците да го посетат параклисот на 8 ноември, денот кога се чествува празникот посветен на „Св. Димитриј“
ИЗВОР: clasno.mk
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ