ВРОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, КОЧАНЧАНКИ ПРВИ ЈА ЗАТРЕСОА МРЕЖАТА НА ЛИДЕРОТ „АТЛЕТИКО“

Во Спорт
октомври 23, 2023
1 минути

Се одиграа натпреварите од 6-тото коло во Втора Фудбалска Лига за жени. Во Кочани, лидерот на таблата „Атлетико“ без поголеми проблеми славеше против домашното „Кочани“ со резултат 10:1 (7:1). Предводени од одличната Милица Димитриоска Мелиса гостите покажаа дека освен „Вардар“ немаат друг конкурент во овој ранг на натпреварување. Единствена сатисфакција на кочаначанки е што во ова првенство тие први ја затресоа мрежата на „Атлетико“.

Голот за домаќинките го постигна Андреа Донева 15’, додека погодоците за гостинките ги постигнаа: Кристина Велјановска 2’, Милица Димитриоска Мелиса 6’9’12’17’45’68’74’, Марија Стојановска 41’ и Симона Тасева 56’.

Резултати од 6-тото коло:

„Кочани“ – „Атлетико“  1:10

„Вардар“ – „Победа Валандово 16“

„Билјанини извори“ – „Порече“ 5:0

„Борец“ – „Плачковица“  0:6

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ