ПОТЕГ ЗА ПОЗДРАВУВАЊЕ И ПОЧИТУВАЊЕ

јули 20, 2024
0 min read

Не можејќи повеќе да чекаат сопствениците на угостителските објекти во Градскиот Трговски Центар да ги едуцираат келнерите што смеат а што не смеат да прават додека по завршување на смената навечер го фрлаат сметот, не можејќи да ги чекаат вработените од КЈП „Водовод“ барем еднаш да зачистат околу контејнерите, не можејќи повеќе да ги чекаат оние кои го присвоија просторот на станарите од блокот „А“ и со години дебело наплатуваат на угостителските објекти, неколку жени домаќинки од третиот влез решија сами да го направат тоа што другите не сакаат.

Не можејќи да гледаат една грда слика а и да го поднесуваат непријатниот мирис тие утринава со четки, вода и средства за чистење излегоа на плочникот и ги исчистија мермерните плочки околу контејнерите.

Со ваквиот нивни потег тие им дадоа пример на сите што ги видоа како на сонцето го чистат она кое требаше друг да го исчисти.

Потег за поздравување и почитување.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ