Денеска во општинската сала на Општина Кочани, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов потпиша Меморандум за соработка и заедничка организација на регионален бизнис саем и културен настан со Агенцијата за маркетинг и менаџмент Еуростеп Дооел Скопје.
Регионалниот саем за произведувачи од северо-источниот дел на државата ќе биде организиран во Општина Кочани во времетраење од 2 дена, на 7 и 8 октомври оваа година.
Целта и мотивот за организацијата се унапредувањето и подобрувањето на бизнис околината и заедницата, а фокусот е поставен кон воспоставување и градење врски со публиката, презентирање на нови бизнис идеи и концепти, едукација, поттикнување на меѓусебна соработка како и стекнување на видливост и препознатливост на брендовите, производите и услугите на пазарот.
Учесници на настанот “Регионален саем за Северно Источна Македонија во Кочани” ќе бидат правни лица од национално и балканско ниво, како и од државите членки на Европската Унија, додека во примарниот фокус ќе бидат производителите и правните лица од Општина Кочани и околината.
Општина Кочани