ПОВЕЌЕГОДИШНИ ПРОБЛЕМИ СО УЛИЦАТА „4 МАКЕДОНСКА БРИГАДА“

јули 28, 2022
1 min read

Невремето проследено со големи количини врнежи на дожд што се случија во неделата и сношти (Среда) покажаа многу недостатоци кои најповеќе се видливи на веќе изградените и асфалтирани улици. Секојдневно ни пристигнуваат фотографии и дописи од жители на соодветните улици. Една од тие е и 4 Македонска бригада во Кочани. Еве на што се жалат жителите од спомнатата улица:

„Надевајќи се дека  ќе го објавите овој допис сакаме да ве известиме дека имаме голем проблем со улицата 4-та Македонска бригада. Инаку ова е тригодишен проблем кој никој не се нафаќа да го реши. Поточно од КЈП Водовод се има извршено ископ но после тоа не го имаат истиот санирано. После секој дожд се прави се поголема штета а особено видлива е по невремето од неделата и синоќа. Неколку пати имаме реагирано до Водовод до лицето Гоце за кој ни е кажано дека е шеф на работната единица но секогаш сме одбивани под изговор дека немаат доволен број на луѓе тоа да го завршат. Освен телефонски уредно писмено преку архива имаме пријавувано во КЈП,Водовод-Кочани, како и на 12 седница на Општина Кочани кога е пријавено и усно кажано на градоначалникот од страна на советникот на Левица. Резултот е нула. Досега се сменија двајца градоначалници и тројца директори на КЈП,Водовод и на сите им е пријавено а резултат нема. Не дај боже треба ли некој да настрада па сето ова да се поправи. Единтвеното нешто што е направено е впоставени се знаци од страна на полициската станица Кочани и толку. Јавно прашувам кој ќе ги надомести штетите кои допрва ги очекуваме со есенските дождови“

Инаку улицата 4. Македонска бригада започна да  се прави пролетта 2015.

С.  Ивановски