Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2021 година.
На манифестацијата ќе се изберат:
- најдобар спортист за 2021 година;
- најдобар млад надежен спортист;
- најдобра екипа;
- најдобар тренер;
- спортски работник.
Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани во Oпштина Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација.
При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнири, државни и меѓународни натпревари).
Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.
Рокот за пријавување е до 21 јануари 2022 година, а документите се доставуваат до Одделението за јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.
Телефони за контакт: 033 274 001 локал 116; 072 275 610
Општина Кочани
Одделение за јавни дејности