ПОВИК ЗА ИЗБОР НА СПОРТИСТ ЗА 2024 ГОДИНА

јануари 10, 2025
1 минути

Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2024 година.

На манифестацијата ќе се изберат:

најдобар спортист за 2024 година;

– Најдобар млад надежен спортист

– Најдобра спортска екипа

– Најдобар спортски тренер

– Најдобар спортски работник

Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани  во општина  Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација.

При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари).

Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.

Рокот за пријавување е до 20 јануари 2025 година, а документите се доставуваат до Одделението за јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.

Телефони за контакт: 033 274 001 / 072 275 610

Општина Кочани

Одделение за јавни дејности

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ