ПРВЕНЦИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА ОД КОЧАНСКИТЕ УЧИЛИШТА ЛЕТУВАА НА ХРВАТСКИОТ ОСТРОВ ПАГ

август 9, 2024
0 минути

Првенците на генерацијата од кочанските основни училишта седум дена летуваа на хрватскиот остров Паг. Ова е награда за постигнатите успеси во школувањето, а летувањето на Паг е обезбедено од Општина Кочани и претставува резултат на повеќегодишната соработка со збратимената Општина Крижевци.

Според информациите на Аника Илијевска Георгиева, придружба на учениците од Општина Кочани, патувањето и престојот  во Хрватска поминале во најдобар ред. Сите биле сместени во детско одморалиште, сопственост на  Општина Крижевци, коешто има централна позиција на Паг, место од каде можат да се видат сите убавини на островот и на хрватското приморје.

Учениците имале можност да се дружат и со врсници од Крижевци сместени во одморалиштето, со кои имале заедничкото крстарење со брод по Јадранот, а учествувале и на избор на талент каде што нашите ученици освоиле второ место. Групата ученици ја придружуваше и Милева Богданова од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари.

За учениците ова е награда што им создала пријатни и незаборавни доживувања.

Општинската награда за летување на Паг, од лични причини не ја искористија првенците од двете средни кочански училишта.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ