ПОЖАР ВО ВНАТРЕШНОСТА НА ПАТНИЧКО ВОЗИЛО „ФОРД“

февруари 10, 2023
0 минути

На 10.02.2023 во 04.05 часот во Полициската станица Кочани, А.Т. пријавил дека ноќта на 09/10.02.2023 околу 03.15 часот на ул. ,,Мородвишка епископија“ во Кочани настанал пожар во внатрешноста на неговото патничко возило „форд“.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кочани.

Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа на ОВР Кочани.

ИЗВОР: Соопштение од СВР  Штип