ЗАЛУТАНО ИЛИ НАМЕРНО Е ОСТАВЕНО?

февруари 9, 2023
0 минути

Во близина на железничката рампа кај зградата на „Старата фабрика“ вечерва е направена оваа фотографија.

Не се знае дали ова магаре е залутало или некој намерно овде го врзал. Како и да е треба здружението за заштита на животните од Кочани да се погрижи нешто да стори со него, или да го однесе на соодветно место или да најде начин да се пронајде сопственикот.

Вака очигледно е дека е оставено на милост и немилост на ниските температури а и на кучињата скитници.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ