На три локации денес избија пожари од кои едниот сеуште е активен и во негово гаснење освен професионалците од ТППЕ – Кочани, волонтерите од ДПД – Кочани, Шумска полиција, Македонски шуми учествуваат и професионалци од територијалните противпожарни единици од Виница, Штип и Пробиштип.
Едниот пожар во претпладневните часови започна со опожарување на куќа во населбата „Трајаново трло“ од местото викано „Диви градби“, за да веќе попладнето почна да се шири кон „Пресечена скала“. Зафатена е голема површина на сува трева и борова шума. Поради големината на опожарениот простор во кој настрадаа и некои објекти во предвечерието започна гаснењето на пожарот и со хеликоптер на МВР.
Вториот пожар исто така е со опожарување на куќа, додека третиот се случи во „Индустриска зона“ каде избувнал во фабрика која изработувала материјали од стиропор.
Благодарност до порталот Glasno.mk за отсѕапените фотографии.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ