Откако се смири невремето кое сношти го зафати Кочани веднаш на терен излегоа екипи од ТПП- Кочани и од ДПД – Кочани кои се распоредија онаму каде населението имаше најголема потреба од нивното присуство.
Една група ги отстрануваше паднатите дрвја по коловозите и врз некои од возилата, а дрва паднати кои го стопираа сообраќајот имаше кај трафостаницата на ЕВН, две на улицата „Димитар Влахов“ над стадионот „Никола Мантов“, на улицата „Скопска“ две паднати дрва кои беа оштетиле и две возила. Другите групи ги чистеа подрумските простории на наши сограѓани кои беа и те како полни со вода. Ги чистеа сите одводи кои дел од несовеста на некои граѓани беа затворени со најлони, облека и што ли уште не.
Утринава се продолжи по истиот терк, се расчистуваше онаму каде што беше најпотребно а како што дознаваме и сека во моментот некои екипи уште се на терен.
Дел од граѓаните со кои денес разговаравме искажаа голема благодарност и до екипите од ТППЕ – Кочани и до доброволците од ДПД но и до дел од екипите на ЦУК (Центар за управување со кризи).
С. Ивановски