Екипите на „Рели“ и „Ауто Велт“ се годинешните финалисти на 22. Петровденски Фудбалски Турнир кој се одржува на заградените терени во дворот на ОУ „Кирил и Методиј“.
Во првиот натпревар што се одржа вечерва „рели“ ја совлада екипата на „Амфенол“ 5:1, додека „Ауто Велт“ славеше против „Естон Дизајн“ 2:1.
Финалниот натпревар ќе се одигра на Петровден, Петок со почеток во 20:00 часот а во пресрет на самото финале е натпреварот за третото место кој започнува во 19:00 часот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ