ПРЕДНОВОГОДИШНО ДРУЖЕЊЕ НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР ВО КОЧАНИ

декември 25, 2023
0 min read

По иницијатива на овластениот градежен инспектор при Општина Кочани Николчо Гоцев, денес попладнето во ресторан„Аледар“ Кочани се одржа сега веќе традиционалното предновогодишно дружење на сите оние кои на некој начин се дел од градежниот сектор во Кочани.

Претставници на градежни фирми, проектантски и надзорни куќи, изведувачи и инвеститори, сопственици на стоваришта за градежни материјали, занаетчиски фирми, фасадери, електричари, водоинсталатери, сопственици на фирми за изработка и поставување на врати и прозори, фирми за изработка на мебел како и други учесници кои директно или индиректно се вклучени во градежништвото во Кочани и околината беа дел од денешната дружба.

Целта на оваа традиционална средба е на крајот на годината на заминување да се разменат искуствата, како и да се дебатира за проблемите со кои сите тие се среќаваат за време на своето работење.

Целото дружење не можеше да помине без добра музика која даваше посебен штимунг на убава атмосфера.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ