ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДОБРОВОЛНОТО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО – КОЧАНИ ВО РЕСЕРЕТ ВТОРИОТ РОДЕНДЕН

септември 14, 2023
1 минути

По повод празнувањето на вториот роденден кое е планирано за во Сабота, Доброволното противпожарно друштво – Кочани одржа прес-конференција со цел да ја анимира кочанската јавност.

„Одбележувањето на вториот роденден започнува в сабота со почеток во 11 часот во Градскиот парк со првите доброволни противпожарни игри на кои ќе земат учество гости од Србија, Хрватска и од нашата држава. Ќе се натпреваруваат на четири полигони, односно на три локации: Пожарната, Споменикот на слободата и во Градскиот парк на два полигона. Од 12 часот ќе се одржи мини олимпијада за учениците од основните училишта од Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево. Од 17 часот започнува културно-уметничкиот дел. По обраќањето на градоначалникот и на претседателот на ДПД следува прогласување на победниците, по што следува настапот на  дечиња од градинките, на фолклорни ансамбли и музички групи“.

Благодарност до порталот „Гласно.мк“ за отстапената фотографија

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ