НА ПОНИКВА СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ МЕЃУНАРОДЕН РОЛЕР-СКИ НАТПРЕВАР

Во Спорт
септември 14, 2023
1 минути

Изминативе три дена, од 12 до 14 септември, на Пониква се одржа Вториот меѓународен ФИС ролер-ски натпревар. Скијачката федерација на Македонија, со поддршка на Општина Кочани  денеска во ресортот „Магнолија“ ги додели наградите на најуспешните натпреварувачи.

Во оваа дисциплина во нордиското скијање годинава учествуваа натпреварувачи од Македонија, Србија, Грција и Унгарија.

Од лани, овој натпревар влезе во календарот на Скијачката федерација, што дава нови можности за развој на спортскиот туризам на Осоговските Планини.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ