ПРЕС НА ЉУПЧО ПАПАЗОВ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КОЧАНИ ОД ВМРО ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА

октомври 19, 2021
1 min read

Почитувани сограѓани, дозволете ми да изразам благодарност за големата поддршка и довербата што ми ја укажавте во првиот круг на локалните избори.

Го поздравувам демократскиот амбиент во којшто помина изборниот ден, со исклучок на одредени поединечни случаи. Граѓаните јасно ја демонстрираа определбата за промени во целата држава и ги казнија погрешните политики на Заев и СДСМ.

Таквиот бран на промени го зафати и Кочани – власта го загуби мнозинството на локално ниво.

Драги кочанчани, ве повикувам слободно и одлучно да се приклучите на промените што неминовно следуваат и заедно, обединети и сплотени да создадеме нова иднина каква што Кочани заслужува.

Со почит.

Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник

на Општина Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата