ВЛАДИМИР ДАНИЛОВ – ЧЕП ВЛЕГУВА ВО ТРКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ – КОЧАНИ

јануари 16, 2022
0 минути

Од денес (16 јануари) па до 21 овој месец започнуваат задолжителните консултативни состаноци по Месните Организации во ОО на СДСМ – Кочани.

Со ова и официјално започнуваат и кандидатурите за избор на нов Претседател на ОО на СДСМ – Кочани.

Како што дознаваме Владимир Данилов – Чеп, дете на СДСМ отворено влегува во трката за Претседател на ОО на СДСМ Кочани.

Во прилог на неговата кандидатура е поддршката што ја има од младите генерации, односно од „новиот бран“ на СДСМ која се држи до принципите: чесност, упорност, демократија и без никакви опашки до сега.

Започнува изборот според кој секоја Месна Организација има право да исфрли свој кандидат.

До завршувањето на консултативните состаноци има време од шест дена во кои сé може да се дознае, или ништо да не се дознае,

Трпение.

С. Ивановски