Во одиграните седум кола во Втора Фудбалска Лига – Исток, екипата на „Осогово“ четири пати беше домаќин и трипати гостуваше и со освоените 10 бода се најде на петтото место на табелата.
Навивачите на „Осогово“ беа загрижени пред гостувањето во Струмица против фаворитот „Беласица“ бидејќи дотогаш освоените седум бода (пет загубени како домаќини) не гарантираа мирен сон.
Сепак „жетварите“ благодарение на головите на Муше и Казимов дојдоа до три значајни бода кои треба да бидат вистински потстрек пред следниот натпревар против незгодниот „Кит Го“ во Кочани.
Уште на самиот почеток на натпреварот поради истегнување на задната ложа играта мораше да ја напушти Манев а на негово место влезе Јасин Муше што се покажа како вистинска замена. Со неговото влегување во игра нападот доби на пробојност а како круна на неговата игра беше првиот погодок што го постигна за „жолто-сините“.
Се чини дека сега кочанчани добија уште еден добар напаѓач кој досега од необјаснети причини добиваше по мала минутажа на натпреварите во Кочани, со што и ефикасноста која е рак-рана би требало да стане минато. Но тоа си е работа на Стручниот штаб и на тренерот па нивно е кој ќе ги игра натпреварите.
Значи во Сабота „Осогово“ ја пречекува екипата од Пехчево која досега беше незгоден противник на натпреварите во Кочани, па со нови три бода „жетварите“ многу полесно ќе го дочека крајот на есенскиот дел од првенството кое завршува со одигрување на 15-тото коло на 11.Декември.
С. Ивановски