ПРЕС НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ

септември 15, 2022
1 минути

Почитувани,

Во контекст на вашата загриженост за превозот на учениците, велите: – Учениците, минатите години имаа превоз. Затоа што не им треба. Заборавате дека учениците имаа онлајн настава. УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМААТ БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ПОВТОРНО, затоа што впрочем ВМРО ДПМНЕ е таа која што го воведе бесплатниот превоз во училиштата и бесплатните учебници секоја година и на секое дете.

Но, нив не ги наведовте како проблем. Зошто? Затоа што МОН е во ингеренции на владата на СДСМ. Бесплатен превоз ќе има во момент кога општината која што го поништи договорот со АВТО АТОМ ќе постигне реални суми, а не милионски побарувања како до сега. Зарем не е малку смешно како советници да се занимавате со вакви паушални изјави.

Вам граѓаните ве плаќаат да ги застапувате нивните интереси и да правите услови за нивна подобра инфраструктурна, економска и образовна клима. Од партиски препукувања граѓаните се сити. Нив ги интересира зошто детската градинка сеуште не е отворена.

За информација кон јавноста од 700 моментално згрижени деца, 210 се над нормативите и стандардите за нормално функционирање. За да не се создадат Листи на чекање за згрижување на дечињата потребна е поголема експедитивност и согледување на реалните факти, зголемување на персоналот и создавање на услови за побрзо отварање на новата детска градинка.

И додека Владата на Р.М. за два дена вработува над 60 лица на царина, (и троши на патувања на фестивали за вино и за прослави….) во МТСП намерно се стопираат и опструираат согласностите за вработувања, се кочат годишните планови на локално, се’ со одредена цел и претходна координација.

Апелираме до советниците од СДС и до советниците кои индиректно и подискретно ја подржуваат власта, да престанат со уцени, да престанат со пазарење со централната власт, нека си се посветат на граѓаните и да престанат да се изживуваат со оние кои ги гласале само за да ги заштитат оние од Владата.

Марија Ананиева – претседателка

на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани