ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ГИ ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИЈАТА „УСПЕШНИ МЛАДИ ЗА 2021 ГОДИНА“

ноември 25, 2022
1 минути

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во неговиот кабинет на Водно ги прими а воедно и ги додели признанијата на носителите „Успешни млади за 2021 година“.

Признанијата им беа доделени на:

– д-р Виктор Стојкоски, најдобар млад научник во општествени науки

– м-р Иван Антоновски, најдобар млад научник во хуманистичките науки

– д-р Андреј Ристески, најдобар млад научник во природно-математички и технички науки

– д-р Гордана Георгиева, најдобра млада научничка во медицински науки

– Македон Димитровски и Алексиј Тасиќ се носители на признанието во категоријата „Млад талент“

– Нина Костовска, признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата

Наталија Теодосиева, најдобра млада уметничка.

Честитајки им на постигнатите резултати, Претседателот Пендаровски потенцираше дека нивниот успех воедно е и успех на Република Северна Македонија.