ПРЕТРЕСИ ВО КОЧАНИ, РАСЧИСТЕНИ ТЕШКИ КРАЖБИ, УКРАДЕНОТО ЌЕ БИДЕ ВРАТЕНО НА СПОСТВЕНИЦИТЕ

ноември 26, 2022
0 минути

Денеска (25.11.2022) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани, по претходно издадена наредба од Основен суд Кочани, извршија претрес во дом на Ј.Ј. (46) во Кочани, при што се пронајдени предмети кои биле одземени при извршени тешки кражби.

Исто така, по претходно издадена наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани извршија претрес во дом на В.Ј., при што се пронајдени предмети кои биле одземени при извршени тешки кражби.

Предметите ќе бидат вратени на сопствениците, а по целосно документирање на случаите, ќе следуваат кривични пријави до ОЈО Кочани.

ИЗВОР: Дневни соопштенија од МВР