СООПШТЕНИЕ НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ

октомври 5, 2022
1 минути

ОКТОНВРИ  –  МЕСЕЦ  ЗА  ПОДИГАЊЕ  НА  СВЕСТА  ЗА  БОРБА  ПРОТИВ  РАКОТ  НА  ДОЈКА

Почитувани,

Октомври е светски месец за борба против ракот на дојка. Месец посветен на подигање на свеста за ракот на дојка.

Октомври е месец кога секоја од нас се чувствува поинаку и на свој начин ја дава својата поддршка – некои од нас носат розово, некои ја слават победата над болеста, некои се соочуваат со најтешките битки, се чувствуваат осамено и изолирано. Но, ние жените треба да бидеме овде една за друга. Преку нашиот глас да ја истакнеме важноста од превенција и навремена детекција. Да се потрудиме секоја жена да има пристап до медицинска нега.

Форумот на жени на СДСМ Кочани активно е вклучен во низа активности со цел да ја подигнеме свесноста за ракот на дојка, да им помогнеме на граѓаните и нивните фамилии кои се борат со оваа болест, но и да укажеме дека оваа борба е наша заедничка и дека треба заеднички да правиме промени за подобри услови за лекување на заболените од рак, достапност до нови терапии и достоинствен живот на сите кои се борат со оваа тешка болест.

Бидејќи информацијата значи помош, а ракот не е само проблем на индивидуата, туку на целото општество, во текот на месец октомври ќе организираме трибина со цел да се подигне свесноста за тоа дека ракот може да се третира како излечива болест, но, и да се информираме за начините на превенција, потребата од редовни прегледи и важноста на раната детекција.

Ракот не бира политичка партија, националност, пол, возраст. Затоа ги повикуваме сите жени да се вклучат во ширењето на информациите, подобрување на разбирањето на болеста, како и редовната само-проверка и скрининг, се со една цел ПРЕВЕНТИВА за ракот на дојка бидејќи ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ДА НАПРАВИМЕ ПРОМЕНА.

М-р Д-р Душанка Горгиева – Трпевски

Претседателка на Форум на жени на СДСМ Кочани