ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ НА ПОБПС КОЧАНИ

јули 15, 2025
0 минути

Денеска (15.07.) во централното градско подрачје на Кочани од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кочани беше спроведена превентивна активност на тема – „Секогаш носи кацига и заштити го животот“. Целта на активноста беше подигнување на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност за време на управување со моторцикл или мопед, односно користење на заштитниот шлем со што го се заштитува сопствениот и животот на другите учесници во сообраќајот. На учесниците во сообраќајот им беа делени и едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП.

Соопштение на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ