Градоначалникот на Општина Кочани и Државниот секретар за федерални и европски прашања на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, г-дин Марк Шпајх вчера одржаа состанок на кој се дискутираше за започнатите проекти од страна на Општината, а финансирани од страна на Фондот за мали работи. Општина Кочани има склучено меморандум за соработка со градот Кастрол – Рауксел кој се наоѓа во германската покраина Северна Рајна – Вестфалија.
Со истата цел, денеска во МКЦ Кочани се одржа презентација на започнатиот проект. Проектот вклучува теми од областа на животната средина, екологијата и еко-туризамот, искористување на ресурсите на Кочанската Река, како и изнајдување нови содржини кои ќе бидат од едукативна корист во образованието.
Ова претставува појдовна основа за креирање на концепт за дефинирање и унапредување на системот за експлоатација на геотермалните ресурси во Општина Кочани.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ