На 31.03.2026 околу 18:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го привеле Б.М.(34) од с.Нивичани, кочанско. Претходно, при редовна сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, при што тој одбил да се алкотестира и почнал агресивно да се однесува и да им се заканува на полициските службеници. Откако бил приведен му бил извршен
алкотест и било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измеренио 1,57 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Соопштение на СВР Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
