ВО СООБРАЌАЈКА МАЛОЛЕТНИК СЕ ЗДОБИЛ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ

октомври 30, 2021
1 минути

На 29.10.2021 во 09,25 часот било пријавено дека во Кочани, на крстосница со кружен тек од ул.„Т.Паунов“ и ул.„Македонска“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „тојота“ со кочански регистарски ознаки управувано од Ј.М.(53) од Кочани и мопед „хонда“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во ЈЗУ-Кочани. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Полициската станица Кочани.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР