Улицата „Киро Кикенски“ станува една од нај небезбедните во Кочани, а причината е што несовесните возачи развиваат големи брзини без притоа да помислат на минувачите и на паркираните возила.
Токму поради ваквото брзо возење само во оваа година имаат штета претрпено неколку паркирани возила.
На неколкупати сторителите на сообраќајните прекршоци ќе успеат да побегнат од местото на сообраќајката, но некогаш поради дефект на нивното возило ќе бидат фатени од полицијата.
Жителите од улицата потенцираат дека среќа во несреќа е што никој досега од минувачите нема настрадано, но ако се продолжи со дивеењето не сакаат ниту да помислат што би се случило.
Во разговорот со еден од жителите на улицата „Киро Кикенски“ дознавме дека најбрзо возат млади луѓе некои и што немаат возачка дозвола а користат нерегистрирани возила.
Јавно апелираат до надлежните служби да ги зајакнат контролите на овој потег како не би се случило нешто кое никој не го посакува.
С. Ивановсји